Целиот Балкан го разбуди земјотресот во Црна Гора

„Умрев од страв“, „Сите се разбудивме, долго се тресеше“, „Многу долг земјотрес“. На ова сведочат граѓаните на Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои утрово во 04:06 часот ги разбуди многу силен земјотрес што ја погоди Црна Гора.

Земјотрес со јачина од 5,7 степени е регистриран на подрачјето на Никшиќ, а во моментов нема информации за материјална штета.

За среќа, по проценките беше соопштено дека нема опасност од цунами.

Земјотресот бил почувствуван се до Сараево, а граѓаните скокнале од кревет во Билеќа, Дубровник, Мокошица и на многу други локации.

Тресењето беше долго и силно“, сведочат жителите на Херцег Нови.

 

telegraf.rs