Болница во градот Тулон во јужна Франција во саботата била евакуирана откако 88-годишен пациент се појавил во болницата со експлозивна направа. Мажот во ректумот имал артилериска граната од Првата светска војна, пренесува францускиот медиум Вар-Матин.
Man with WWI explosive lodged in his rectum sparks bomb scare, hospital evacuation https://t.co/QPGnb9iVKs pic.twitter.com/u1SpRbF8mk
— New York Post (@nypost) December 20, 2022
Како што пренесува „Јерусалим пост“, гранатата била долга над 20 сантиметри, а широка повеќе од пет сантиметри.
Тоа предизвикало паника во болницата, а таа била евакуирана и пациентите биле префрлени во други болници.
За среќа, се чини дека не носел „жив“ експлозив, бидејќи експертите за отстранување бомби утврдиле дека артилериска граната нема да експлодира во неговиот задник.
Се верува дека причината поради која гранатата завршила во ректумот на повозрасниот маж била од сексуална природа.
фото: