Демолирана планинарската кула на Титов Врв

Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт“ по понеделничката објава дека се оштетени прозорците на планинарската кула на Титов Врв, вчера биле таму за целосен увид и утврдиле дека луѓе во голема мера ја демолирале и внатрешноста.

Покрај членовите на клубот на увидот присуствувал и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарски спортови. Со оглед тоа дека во изминатите неколку години членовите на овој клуб носеа материјали за опремување на кулата, се знае и висината на материјалната штета.

-Кулата е вандализирана во периодот измеѓу 8 и 18 декември 2022 година. Направена е голема штета од ванадлизирањето. Врз основа на увидот се констатираше дека вандализирањето е извршено од најмалку две лица за да би можеле на импровизиран начин да навлезат на горниот кат. Тие планирано дошле до врвот со солидна опрема за палење на шпер таблите и алати за корнење и кршење, изјави Зија Јонузовски, секретар на клубот.

Според нивниот увид, запалена е една шпер табла и потоа со кршење сторителите се качиле од првиот кат на вториот кат при што е направена штета од околу 5 000 денари. Со насилни удари од внатрешноста со чекани на десет прозорци се искршени стаклата. Од нив осум на вториот кат и два на првиот со што е направена штета од 15.000 денари.

-На вториот кат со удари од внатрешноста со чекан целосно е откорнат еден прозорец и профилите се фрлени надвор, направена е штета од 8 000 денари. На вториот кат со удари од внатре со чекан скршен е рамот од еден прозорец, направена е штета од 6 000 денари. Запален е агрегатот за струја од 3 киловати, со 10 литри бензин во него, направена е штета од 20 000 денари. Од запалениот агрегат е предизвикан пожар и изгорени се материјали и алати, кои биле зафатени во близината, дополнително ќе се утврдува штетата, потенцира Јонузовски.

Уништени се метална маса и две метални клупи планирани за приземјето во Кулата (штета од 12 000 денари), а сторителите освен демолирање украле и батериска бормашина вредна 5 000 денари.

-Со насилни удари е оштетена трпезариската маса на вториот кат направена е штета од 4 000 денари. Оштетена е опремата од соларниот панел, нахнадно ќе се утврдува штетата. Изгорени и испокршени се и други материјали и алати кои дополнително ќе се утврдат при расчистувањето на штетите, информира Јонузовски.

Планинарите со вчерашната акција привремено ги затворени сите испокршени десет прозорци со плексан и дрвени даски со цел во Кулата да не навлегува снег во зимскиов период. Целосната санација ќе се реализира наредната година во организација на Федерацијата за планинарски спортови.

Извор: Канал 5