Пред повеќе од половина час одекна рафал од огнено оружје и најмалку една детонација во поширокото подрачје на Зубин Поток. Наводно, специјалците на Албин Курти се обиделе насилно да отстранат една од барикадите, пишуваат српските медиуми.
Според Новости, во 19 часот и 45 минути дошло до рафален оган и вооружени тепачки во Зубин Поток. Како што пренесуваат медиумите, генералот Мојсиловиќ веднаш по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ веднаш заминал во Рашка.
Србите од северот на Косово и Метохија веќе 16-ти ден се на барикадите.
Видео:zubinpotokinfo Инстаграм