(ВИДЕО) Вонредна состојба во Пирот – воз кој превезувал амонијак излета од шините, над 50 лица се хоспитализирани

Воз со 20 цистерни со амонијак се преврте во близина на Пирот и дошло до истекување на гасот. Во градот е прогласена вонредна состојба затоа што една од цистерните паднала во реката Нишава, при што дошло до бурна реакција кога гасот дошол во контакт со водата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Вкупно 51 лице се јавило вечерва во болницата во Пирот, соопшти градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ, кој исто така рече дека училиштата утре ќе бидат затворени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Седум лица биле повредени во несреќата која беше предизвикана со истекување на амонијак кога цеден вагон излизгал од шините, а еден од нив е потешко интоксиниран и префрлен во Клиничкиот центар во Ниш.

Министерството за внатрешни работи на Србија ги повика граѓаните кои живеат во близина на местото на несреќата да не ги напуштаат своите домови.

 

Засега не е познато како дошло до излетувањето на возот, кој превезувал 20 цистерни со амонијак од Бугарија. Српските државни железници соопштија дека формирале комисија која ќе го истражува инцидентот.

видео:192_rs