Семејството заедно: Меси и Антонела со децата позираа пред елката

По освојувањето на Светското првенство во Катар со Аргентина, фудбалерот Лионел Меси го прослави Божиќ со сопругата Антонела и нивните деца.

Антонела објави фотографија на која позира со Меси и нивните три сина: Матео, Тиаго и Чиро покрај елка украсена со сребрени детали. „Фелиз Навидад“, напиша таа.

Пред тоа, фудбалерот објави видео на кое Антонела во црвен фустан танцува со чаша вино.

 

index.hr