На сите им е познато дека Здравко долги години соработувал со легендата Велибор Џаровски- Џаро, тоест Џаро на Чола му бил менаџер. Џаро има раскажано доста анегдоти за Чола кој го сака како да му е роден брат.
Вчера Џаро бил во Битола, и тоа е објавено на неговиот Фејсбук профил. На снимката, Џаро му се доближил на Чола, а тој од сцената му ја бакнал раката, ама и ракант на Чола ја бакнал Џаро.
-Тука е мојот пријател, мојот менаџер Џаровски, топ, број еден“, рекол Чола за Џаро.
Откако Здравко го кажал ова, се слушнал голем аплауз, а Чолиќ продолжил да пее, а за оваа случка, најдобро може да сведочи снимката која Џаро ја објави на Фејсбук, и под неа напиша: Шифрата е- Да бидеме сложни!