(ФОТО) Наставник за пример, ги учи децата да пеглаат, да си направат храна, да не бидат мрзливи и зависни од другите

Има професори кои ги паметиме затоа што се “цареви”, како учителот Саво Ковачевиќ од едно основно училиште во Подгорица.

Освен што ги учи како да прават палачинки, тој ги учи и да не бидат мрзливи и зависни од другите со тоа што ги учи да пеглаат и сами да си ги организираат работите, објави  klaster.mk.

Се дозна дека токму наставникот Сава Ковачевиќ без лажна скромност и претензии веројатно е еден од омилените наставници на територијата на поранешна Југославија.

А за Сава има многу да се зборува. Имено, Саво е познат како учител кој во дневникот не ги гледа учениците по нивните имиња, туку им е максимално посветен.

Ги учи, се грижи за нив и што е можеби најважно, не дозволува никој да каже лоши работи за нив, едноставно ги води децата на прав пат.

Саво е добитник на награда од Фондот за квалитет и таленти, како и признание од регионалното здружение “Најдобри учители на поранешна Југославија”.

Суштината на нашата работа е ученикот да биде во центарот на наставниот процес и да го постигнува максимумот, а ние сме тие кои ќе ги обезбедиме тие услови и секој од нив може максимално да се изрази.

-Ние (просветните работници) сме тие што ја создаваме сликата и интегритетот на општеството. Така што секој од нас се претставува себеси, но и образовниот систем во земјата.

Денес, во време кога децата им се восхитуваат на јутјуберите и инфлуенсерите, навистина ретко е да се заинтересираат децата сами да ги извршуваат некои основни домашни работи и тоа да го прават со насмевка на лицето.

Притоа не ги терате, туку тоа го прават со уживање. А кога ќе видите такво нешто, сосема е кул што ги наградувате со палачинки и подароци, сечија гордост, за Нова година, исто како што тоа го прави Саво.

Можеби да имаше повеќе такви луѓе и педагози како Сава Ковачевиќ низ целиот регион, немаше да ја има ситуацијата што постои во образованието.

извор: klaster.mk