Теренска анкета: Ако сега има избори ВМРО-ДПМНЕ би освоиле 348.000 гласови, а СДСМ 210.000

0
285

Опозициската партија во декември спровела теренска анкета според која ВМРО-ДПМНЕ би имала поддршка од 19.4 проценти а СДСМ 11.7. Претворено во гласови тоа значи дека опозициската партија би освоила 348.000 гласа, СДСМ 210.000, ДУИ над 100.000. Излезноста на изборите би била околу 53 отсто.

Како што информираше партискиот лидер, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг за новинари нема расположение кај граѓаните за протсети и излегување на улица. Како главни проблеми граѓаните ја посочуваат економијата а 66 проценти дека земјата оди во погрешна насока.
Од институциите најлошо е оценето судството и Собранието, а најдобро МПЦ и АРМ.

58 отсто од граѓаните не го поддржуваат францускиот предлог. Од нив само 17 проценти од Македонците го поддржуваат и дури 61 процент од Албанците

Теренската анкета спроведена од ИПСОС по барање на ВМРО-ДПМНЕ опфатила 1027 испитаници,а истата е направена во периодот од 2 до 12 декември.