Синот на еден од главните медиумски бранители на СДСМ Зоран Иванов добил 715.000 евра за снимање филм од Агенцијата за филм која е под контрола на СДСМ.
Во објавата на Агенцијата за филмовите кои ќе ги финансира за 2022 во втор рок на одлучување стои дека филмот „Белиот“ на Игор Иванов-Изи, добил 44 милиони денари или над 715.400 евра, објави Експрес.
Изи освен што е син на Зоран кој во сите настапи ја брани владата, е актуелен претседател на Друштвото на филмските работници (ДФРМ).
Тој за својот четврти долгометражен игран филм доби повеќе пари од новиот проект на Милчо Манчевски „Биста“, поддржан со 28 милиони денари или над 455.200 евра.
Филмот на Иванов е по негово и сценарио на Билјана Црвенковска, а во продукција на „Лист“.
Целата статија може да ја прочитате Експрес.
фото: Независен