Предавање на сите ревизорски извештаи досега кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање на процес на постојана редовна ревизија на сите институции беше договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески.
-Денеска на состанокот со Главниот државен ревизор Максим Ацески побарав ревизија на сите институции што се под закрила на новоформираното Министерство за енергетика. Досегашните ревизии открија големи злоупотреби во работењето на ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола. Како министерка ќе се залагам за чесно работење, а секој оној што направил криминал или ќе се обиде, ќе одговара пред законот, напиша на својот ФБ профил Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.