Недостигот на лекови во Германија создава огромен притисок врз аптеките

0
212

Германија се соочува со недостиг на многу вообичаени лекови, што создава притисок врз аптеките и ги остава родителите низ целата земја во очајна состојба.

Агенција Анадолија (АА) разговараше со фармацевт од Берлин кој ситуацијата ја окарактеризира како многу сериозна и кој рече дека родителите се мачат да најдат лек за своите болни деца.

„Ситуацијата е многу лоша во моментов, особено за децата, бидејќи тешко можеме да ги снабдиме со лекови“, рече Џулијан Ваврзињак, додавајќи дека над 300 лека во моментов се недостапни.

„Постојат повеќе причини за ова, делумно поради војната во Украина, делумно поради проблемите со глобалниот синџир на снабдување, коронавирусот, високите цени на енергијата, трошоците за производство… производителите се соочуваат со големи предизвици“, рече тој.

Текстот во целост на:Агенција Анадолија (АА)

фото:Агенција Анадолија (АА)