АМСМ: Намалена видливост поради малга на одредени патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 20 метри има на патните правци Битола – Прилеп и Македонски Брод – Кичево, од 80 – 100 метри на патните правци Кочани – Виница и Кочани – Македонска Каменица, од 100 -150 метри на патниот правец Куманово – Скопје, од 40 – 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово и од 50 – 100 метри на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.