Астрономите истакнуваат дека кометата, кога ќе минува покрај земјата, ќе биде видлива и со голо око, под услов временските услови на 1-ви февруари тоа да го дозволат.
Кометата, која во близина на Земјата последен пат била кога неандерталците шетале по овие простори, повторно се враќа. Станува збор за кометата „C/2022 E3 (ZTF)“, која последен пат била видена пред 50.000 години, а на почетокот на февруари 2022-ра година ќе мине покрај земјата на далечина од 41,8 милиони километри. Моментално кометата е оддалечена од Земјата околу 178 милиони километри.
Астрономите истакнуваат дека кометата, кога ќе минува покрај земјата, ќе биде видлива и со голо око, под услов временските услови на 1-ви февруари тоа да го дозволат.
Тоа воедно ќе биде првата комета која ќе може да се види со голо око по кометата „NEOWISE“ која воодушевила бројни љубители на астрономијата во 2020-та година. И додека „NEOWISE“ зад себе оставила долга опашка, „E3“, истакнуваат астрономите, веројатно ќе биде видлив како сива пруга на ноќното небо.
фото: BBC Sky at Night Magazine