Во центарот на Загреб, Хрватска е отворен ЛГБТ+ бар, наречен „Сексот и градот“ по истоимената култна серија, пренесува „Индекс.хр“.
Отворањето се случило за време на изминатиов викенд, а кума на локалот е пејачката Алка Вуица, која се забавувала со првите гости.
Просторот лоциран на улицата Палмотиќева е полн со фотографии од ликовите од серијата по која е именуван барот во кој доминира розовата боја.
Сопствениците велат дека ова е и „првиот тематски бар во Загреб“.
Неодамна, ЛГБТ+ баровите станаа популарни низ цела Хрватска.
Во мај, во Дубровник беше отворен првиот геј бар – „Милк“, каде неодамна се случило и првото запросување.
index.hr