АМСМ: Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци

0
230

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 40м. има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани – Виница – Македонска Каменица, а видливост од 50м. до 100м. на патните правци Битола – Прилеп, Скопје – Куманово, Скопје – Велес , Велес – Катланово и Кочани – Штип.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.