Компанијата за трансфер на пари од Штутгард, која неодамна ја ограби Босанката Мирнеса С., повторно се нашла на мета на крадците. Овојпат фирмата ја ограбил 27 годишен работник кој во ноќта меѓу петок и сабота, односно на Бадник, 24 декември, украл 135.000 евра во готовина. Мажот во меѓувреме е уапсен, соопшти германската полиција.
Сепак потрагата продолжува по 42 годишната Мирнеса С. од Бусовача, која на 14 декември минатата година, од фирмата во која работела украла повеќе од еден милион евра. Од германската полиција велат дека за време на празниците примиле повеќе од 150 пријави, што укажува на тоа дека Мирнеса најверојатно избегала во Босна и Херцеговина.
Мирнеса живеела во стан во неупадлива зграда во Канштат, само 250 метри од главниот влез во Државната канцеларија на криминалистичката полиција. Нејзиниот стан сега е празен, а полицијата ја променила бравата.
Бравата е заменета, клучевите се кај полицијата, стои на пораката на вратата на станот.
Миренса во овој стан се доселила во летото 2021, а нејзината сосетка вели дека се претставувала како директорка на филијала на компанијата.
Понекогаш ја гледав како шета со својот згоден партнер и куче- рекла продавачка од блиската пекара.
Нејзиниот пријател Мухамед Мујо О. поставил неколку видео снимки на Тик Ток.
Се зборува дека Миренса го сакала луксузот, ама не можела да си го дозволи, па носела копии на познати брендови.
Полицијата нагласува дека е распишана награда за информации кои би можеле да одведат до крадливката.
Наградата изнесува 37.500 евра и се уште важи. Се молат сите кои знаат било што за осомничената 42 годишна жена, да се јават на криминалистичката полиција – соопшти полицијата од Штутгард.
republika.mk