Покрај научниците, лекарите и уметниците кои се добитници на МКарта, на списокот од 69 македонски државјани кои живеат во дијаспора се најдоа и имињата на бизнисмени и поранешни функционери, објави .slobodnaevropa.mk.
На списокот кој го добиле дел од медиумите, за успешен во дијаспората е наведен поранешниот министер за странски инвестиции во една од Владите на Никола Груевски, Глигор Ташкович. Тој подоцна како дел од кабинетот на поранешниот премиер Зоран Заев, беше избран за меѓународен член на Комитетот при Фондот за иновации и технолошки развој. Според сторија на Њујорк Тајмс од 2020 година Ташкович бил посочен како наводен соучесник во незаконска шема вредна 45 милиони долари за продажба на маските н-95 по многу поскапа цена во време на пандемијата со ковид-19.
На списокот на успешни Македоцни во дијаспоратае е наведен и бизнисменот Ристо Гуштеров кој во 2011 година се обиде да стане пратеник како дел од партијата Достоинство, и кој произлезе од компанијата Техно Метал Вардар, а своето богатство го стекнал во трговија со метали.
Текстот во целост: slobodnaevropa.mk.