На Ковачевски и Зечевиќ не им се плашат ниту во СДС, затоа се повеќе пратеници се за предвремени избори.
Мнозинството во СДС се за избори, и Ковачевски и Зечевиќ тоа го знаат, и затоа се плашат, зошто се уплашени за своите кариери, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на соопштението се додава:
Само Ковачевски и Зечевиќ се против предвремени избори, зошто знаат дека после тоа нивните политички кариери се завршени.
Ако некој им се плашеше на Ковачевски и Зечевиќ немаше половина партија да им заговара избори. Повеќе од половина СДС не гледаат излез од ќорсокакот во кој ја втурнаа државата Ковачевски и Зечевиќ.
Ковачевски не сака избори за да може да продолжат тендерите и бизнисите на неговиот кум уште некој месец повеќе.
Ковачевски не сака избори за да можат уште некој месец повеќе бизнисите на неговото најтесно семејство да се шират низ Македонија.
Ковачевски не сака избори, зошто додека Македонија страда неговото семејство врти милионски бизниси.
За да продолжи со криминалите Ковачевски е верен калфа на Ахмети, тој мора да ги слуша пораките од Зајас, но и од Струмица. Ковачевски е заложник на Ахмети и кланот од Струмица, а Македонија заложник на неговата желба за власт некој месец повеќе. Ваквата коалиција на хаосот е надоградена со Левица на локално ниво, и тие ја упропастуваат иднината на државата и народот.
Излез се само предвремени парламентарни избори. Македонија не смее да биде заложник на криминалните кариери на Ковачевски и Зечевиќ.
извор: ВМРО ДПМНЕ