Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек кој го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.
На традиционалниот божиќен ручек, премиерот Ковачевски присуствуваше заедно со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, секоја година организира божиќен ручек по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св. Стефан.
извор: Влада