Вевчани и оваа година наликува на театар на отворено. Но покрај вообичаениот маскембал годинава присутните на карневалот беа сведоци и на јавно запросување.
Инаку со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ги прикажуваат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство за изминатата година, денеска напладне се одржа официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.
Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи.
видео: NEWS1.mk