(ВИДЕО) Снимен моментот пред да се сруши авион во Непал, најмалку 40 загинати

0
303

Најмалку 40 лица се потврдени како загинати кога авион со 72 лица, меѓу кои 10 странски државјани, се урнал во близина на градот Покара во западниот дел на Непал, соопштија портпаролите на армијата и аеродромот.

На социјалните мрежи е објавено видео снимено само неколку моменти пред трагедијата. На него се гледа како пилотот ја губи контролата над леталото и само неколку секунди подоцна се слуша како авионот удира во земјата.

Инаку стотици спасувачи продолжуваат да го пребаруваат ридското место на несреќата, каде што се урна авионот на Јети ерлајнс од главниот град Катманду.

Спасувачките операции се во тек. Времето е ведро“, изјави портпаролот на Непалската агенција за цивилно воздухопловство, Јаганат Нирула.

Државната телевизија на Хималаите покажа црн чад како се издига од местото на несреќата и спасувачките екипи околу остатоците.

Во авионот АТР 72 на Јети ерлајнс од Катманду имало 72 лица, меѓу кои две деца и четворица членови на екипажот. Во авионот се наоѓале пет индиски, четворица руски, еден ирски, двајца јужнокорејски, еден австралиски, еден француски и еден аргентински државјанин, изјави претставник на аеродромот во Непал.

Видео: TWITTER