Слугата на Али Ахмети, Димитар Ковачевски доби насока директно од Али Ахмети да води војна со медиумите кој што ја кажуваат вистината и состојбата во државата.
Автократот Димитар Ковачевски етикетира медиуми исто како и неговиот шеф Али Ахмети кои ги жигосува медиумите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Ова е само уште еден доказ дека оваа влада на СДС и ДУИ е најнеспособната и најкриминалната влада.
Димитар Ковачевски и Али Ахмети својата неспособност тие ја супституираат во автократија. Ваквото однесување од страна на автократот Ковачевски и неговиот шеф е срамно и недолично.
ВМРО-ДПМНЕ го кажува тоа што го говорат граѓаните, а медиумите го работат и известуваат за тоа што е реалност во Македонија, сиромаштија, најголема инфлација, неспособност, криминал и корупција.
Ги повикуваме сите релевантни медиумски организации веднаш да реагираат за ваквото етикетирање на медиуми во државата.
Ги осудуваме константните напади врз медиумите од страна на носителите на власта и бараме веднаш да престане притисокот врз медиумите и медиумските работници и тие независно и транспарентно да ја вршат својата работа.
извор: ВМРО ДПМНЕ