Снежни врнежи во Словенија: Во низините паднаа и до 20 сантиметри, на повисоките места над половина метар снег

Голем дел од Словенија е зафатен од обилни снежни врнежи, што доведе до проблеми во сообраќајот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тоа не ги спречи Словенците да користат велосипеди како превозно средство. Додека екипите на терен работат на расчистување на снегот од коловозите, граѓаните на велосипеди ги извршуваат секојдневните обврски.

Снегот е влажен, што доведе до кршење гранки од дрвјата и проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Врнежите доведоа и до блокирање на патиштата, особено во северните планински региони Горењска и Корушка.

Во низините паднаа од пет до 20 сантиметри снег, а во повисоките предели и повеќе од половина метар. Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните часови.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото:Aleš Beno/АА Агенција Анадолија (АА).