Беким Сали: Апасиев, барај си лек за албанофобија, жал ми е, МЗ се уште не открило таков

0
147

Министерот за здравство Беким Сали денеска преку својот Фејсбук профил му порача на лидерот на Левица, Димитар Апасиев да си побара лек за албанофобија.

„Апасиев, треба сериозно да бара лек против албанофобија. Иако имаме добар кадар на клиниките, за жал Министерството за здравство се уште не открило лек за албанофобија. Во министерството што јас го раководам секој се унапредува според заслугите и работата што ја работи, а не според партиската и политичката определба“, пишува Сали.

извор: ФБ Беким Сали