Крис Хипкинс нов премиер на Нов Зеланд

0
232

Владејачката Лабуристичка партија на Нов Зеланд денес објави дека Крис Хипкинс ќе биде новиот лидер на партијата и 41-виот премиер на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Неговиот избор беше потврден со гласање на состанокот на партијата денес, што траеше помалку од еден час.

44-годишниот член на Лабуристичката партија, министер за образование, полиција и јавни служби, беше единствениот кандидат, по ненадејната оставка на неговата претходничка Џасинда Ардерн.

Ардерн во четвртокот објави дека ќе се повлече од функцијата премиерка и лидерка на партијата во февруари и дека нема да бара реизбор на општите избори во 2023 година, закажани за 14 октомври.

Хипкинс (44) в среда ќе положи заклетва на функцијата премиер.

За време на прес-конференцијата по неговиот избор, тој за наредната недела најави реконструкција на Владата.

Покрај фокусирањето на домашните прашања, Хипкинс рече дека неговата влада ќе даде приоритет на растечката инфлација, високите цени на становите и законот и редот.

Роден во Хат Вали во 1978 година, Хипкинс го посетува основното училиште Ватерло, Хат Интермедијт и Хат Вали Меморијал колеџ (подоцна наречен Петон колеџ) во 1996 година.

Тој дипломира на Универзитетот „Викторија“ во Велингтон.

Хипкинс влезе во Парламентот во 2008 година, а по општите избори во 2011 година е назначен за портпарол на Лабуристичката партија за внатрешни работи и генерален секретар.

Хипкинс беше назначен за министер за образование во 2017 година, откако беше избран за министер во Кабинетот од редовите на Лабуристичката партија.

На почетокот на 2020 година, тој беше назначен за министер за здравство, а неколку месеци подоцна, во ноември 2020 година, Хипкинс беше именуван за министер за образование, министер за јавна служба и министер за одговор на Ковид-19.

Во јуни 2022 година, тој беше избран за функцијата министер на полиција.

Текстот во целост:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).