21 лице починаа од мистериозна болест во североисточен Авганистан

0
267

Најмалку 21 лице починаа од мистериозна болест во североисточен Авганистан, соопштија денес официјални претставници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Болеста се проширила во подрачјето на Вахан, во планинскиот регион Памир, каде медицинските тимови работат на утврдување на точната природа на болеста, истакнаа претставниците на провинцијата Бадакшан.

Тие изјавија дека досега во последните две недели починале 21 лице, а Министерството за здравство на привремената талибанска администрација соопшти дека медицинските тимови стигнале во регионот преку соседен Таџикистан.

Во источниот регион на Памир во Авганистан, кој граничи со Кина, Пакистан и Таџикистан, живеат Киргистанци кои говорат туркиски јазик, додека етничките Таџикистанци живеат во западните долини.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).