(ФОТО) Вонреден инспекциски надзор во ДТТУ Радика резорт ДООЕЛ – с. Леуново, Маврово и Ростуше

На ден 14.01.2023 година, по претходно добиена електронска пријава, беше извршен вонреден инспекциски надзор над правниот субјект ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ, с. Леуново, Маврово и Ростуше, од страна на Овластен инспектор за животна средина на Општина Маврово и Ростуше, за што беше изготвен Записник за констатација, во кој беше констатирано дека:
Во кругот на ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ, поради вршење на градежни активности и реновирање на објектот беше депониран градежен шут, односно инертен отпад на одредена локација која не беше означена и не беше извршена селекција на истиот. Од спротивната страна на околу 60 метри оддалеченост од депонираниот инертен отпад имаше траги на запален оган со пречник од околу 1 метар, велат од Општина Маврово и Ростуше.

„Според изјавата на присутното лице, вработено во хотелот, поради немарност и не знаење дека забрането е палење оган на отворена површина, некој од работниците кои вршеле градежни активности запалил оган, со цел да се загреат поради ладното време.
На присутните, од страна на Овластениот инспектор за животна средина им беа објаснети законските одредби од Законот за управување со отпад и беа опоменати во контекст на погоре наведеното.
Врз основа на Записникот, ќе следи соодветен управен акт, за кој дополнително ќе бидат објавени информации“, велат од Општина Маврово и Ростуше.

Извор: Општина Маврово и Ростуше