Бурата Ченесо одзеде три животи на Мадагаскар

0
180

Три лица загинаа од невремето што го предизвика бурата Ченесо на Мадагаскар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата со соопштение ја потвди Националната служба за управување со ризици и катастрофи на Мадагаскар.

Во соопштението се наведува дека 13.180 лица се погодени од бурата, додека 4.000 куќи и земјиште од 600 хектари останале под вода.

Бурата Ченесо е причина за смртта на 3 лица, додека 80 училишта се вон употреба поради поплавите.

Инаку, сезоната на дождови, која штотуку започна на Мадагаскар, ќе продолжи до април.

Минатата година Мадагаскар беше погоден од 3 тропски бури и 2 урагани.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).