Силен земјотрес од 5.9 степени во Медитеранот

0
172

Земјотрес со јачина од 5.9 степени е регистриран денеска во Средоземното море, во близина на турскиот јужен брег. Според информациите од EMSC, земјотресот бил со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, на 226 километри од познатиот турски туристички центар Анталија, односно на 230 километри од Денизли.

Земјотресот бил почувствуван и на Кипар, и на грчките острови во близина Родос, Крит, Кос.

Земјотресот бил на длабочина од 30 километри. Засега нема информации за евентуални штети.

фото: EMSC