Принцезата Азема, ќерка на султанот од Брунеи, се омажи на спектакуларна свадба каде буквално не недостасуваше птичјо млеко.
Како што пишуваат светските медиуми, принцезата Азема се омажила за својата роднина, принцот Бахар Ибни Џефри Болкија од Брунеи, а самата свадбена церемонија траела дури една недела. Раскошната венчавка, на која не недостигаа дијадеми, дијамантски накит и гламурозни фустани, се одржа во палата направена од злато и дијаманти, а во Брунеи не можеа да очекуваат ништо помалку кога ќе се омажи саканата на султанот.
Султанот од Брунеи е еден од најбогатите луѓе во светот, па не е изненадување што тој не штедеше на венчавката на неговата ќерка, која се одржа на почетокот на овој месец во Истана Нурул Иман, раскошната официјална резиденција на султанот веднаш пред главниот град Бандар Сери Бегаван.
38-годишната принцеза е осмо дете на султанот и неговата поранешна втора сопруга Хаџа Мариам и е голем вљубеник во спортот, поточно полото, во кој и самата се натпреварува, промовирајќи ја родовата еднаквост во спортот. За нејзиниот нов сопруг се знае многу малку, освен дека тој е син на постариот брат на султанот, принцот Џефри Болкија од Брунеи.
View this post on Instagram
За време на еднонеделната церемонија се одржаа низа настани, вклучувајќи традиционални церемонии, исламска венчавка и блескав прием. На социјалните мрежи се објавени фотографии од кралската венчавка, на кои се прикажани спектакуларните венчаници на принцезата, вклучително и наметка украсена со кристал во боја на слонова коска со соодветен превез.
Таа се појави и во сив ансамбл комплетиран со впечатлив дијамантски ѓердан со три камени солзи во центарот, а меѓу дијадемите што ги носеше беше и спектакуларната дијадема „Diamond Heart“ која и припаѓа на нејзината маќеа, кралицата Салеха.
index.hr