ВРЕМЕПЛОВ -Настани на денешен ден, 28 јануари

1821 Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу.

1871 Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз.

1878 Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот.

1918 Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша Декрет за формирање на Црвената армија.

1945 Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.

1986 Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија