ИЛЈАДНИЦИ КВАДРАТИ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СТОЈАТ ПРАЗНИ. Десетина дуќани кои претходно работеа на улица Македонија во нај строгиот центар на Скопје стојат затворени и облепени со плакати на кои пишува СЕ ИЗДАВА. Во најголем број „катинар на врата“ ставиле угостителски објекти, а интересно е дека празен стои и дуќанот кој за својата предизборна кампања го изнајмила и градоначалничката Данела Арсовска чиј лик и предизборниот слоган уште стојат на деловниот простор на улица Македонија во Скопје, кој после неа никој не го изнајмил за да работи во него. Исто , ако не и полошо е и по околните улици низ центарот на градот каде се повеќе дуќани наместо со полни излоси, стојат облепени со натпис СЕ ИЗДАВА.