Ахмети: Мицкоски не бил во војна, туку борби гледал само на телевизија

„Јас не се занимавам со размислувањата на Христијан Мицкоски околу војната зашто тој и не бил во војна, туку борби гледал само на телевизија. Се разбира јас молчев за такви прашања, зашто во тишина треба да се работи на стратегиите за развој и затоа што така преку остварување на нашите цели се добиваат гласови од избирачите. Работевме во тешки времиња и деликатни услови, треба уште да се работи, а не само да се упатуваат празни прашања“, рече Ахмети синоќа од партиска трибина во Тетово.

Тој повтори дека ДУИ се залага за продолжување на преговорите со ЕУ преку устравни измени, но и за ветинг на сите политичари.

„Уставните измени мора да се направат за два – три месеци, зашто тоа е во интерес на граѓаните и државата“”, рече Ахмети.

фото: Архива