Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по јубилеен десетти пат го освои трофејот на Австралија опен откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 7:6). Тоа е 22. пехар од големите гренслем турнири за Ѓоковиќ, со што се израмни со Рафаел Надал, а повторно ќе биде и најдобар тенисер на АТП листата.
Речиси без грешка одигра Србинот во текот на сите три часа, а Циципас не можеше да стори ништо повеќе освен да даде силен отпор. Сепак, Ѓоковиќ триумфално се врати во Мелбурн откако имаше проблеми и беше протеран од Австралија поради познатите причини со ваквинацијата против Ковид-19.
Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а во вториот Циципас го задржа до крај својот сервис, но загуби во тај-брејк со 7:4 на поени.
На почетокот на третиот сет и Ѓоковиќ и Циципас загубија по еден свој сервис, а потоа сетот повторно се решаваше во тај-брејк. Србинот имаше водство од 5:0, Гркот намали на 5:3, но на крајот сепак Новак Ѓоковиќ го комплетираше тај-брејкот, мечот и го освои гренслем турнирот во Мелбурн.
topsport.mk