Магда, кучката која секој ден оди на гробот на газдарицата

0
185

Луѓето забораваат, кучето – не. Магда, уморна и веќе остарена, секој ден се враќа на гробиштата на италијанскиот град Катанзаро за да си „помолчи“ пред плочата на нејзината сакана гоподарка.

Секој ден пристигнува на гробиштата во Катанзаро, се качува по скалите и седнува пред надгробната плоча на својата почината „газдарица“. Останува извесно време без да се помрдне, со тажен поглед вперен во фотографијата со ликот на плочата, а потоа си заминува со бавен од и спуштена глава, за пак да се врати следниот ден.

На оваа глетка, тешко е да се остане непристрасен, недопрен. Жителите на италијанското гратче Кантазаро (регион Калабрија, јужна Италија), во последните неколку години се сведоци на вистинската приказна за кучката Магда, која многу потсетува на приказната за Хачико, куче од расата Акита кое десет години секој ден го чекаше својот починат господар на станицата Шибуја во Јапонија, надевајќи се дека ќе го види како излегува од возот.

„Се вика Магда, пред години првпат влезе на гробиштата во Кантазаро, одеше зад погребната кола на нејзината господарка и оттогаш, никогаш повеќе не замина од тука“, велат Еугенио и Мимо на социјалните мрежи, двајца случајни посетители на гробиштата кои, независно еден од друг, ја овековечија посетата на Магда. Двајцата корисници на Фејсбук ја раскажаа приказната за кучето, веќе не многу младо, кое со години талка по гробиштата, со одредена рутина: влегува, оди кон надгробната плоча на сопственичката, останува таму некое време, и потоа си оди. Трогателна сцена која ќе ги расплаче и најтврдите.

Приказната на Магда, веќе објавена од различни интернационални медиуми, се најде и во срцата на корисниците на социјалните мрежи. Неколку волонтери од италијанското локално друштво за заштита на животни се грижат за кучката, но никој сè уште не одлучил да ја вдоми. Можеби таа веќе не е многу млада и нејзиното крзно е излитено и извалкано, но тажниот поглед на Магда крие чиста и длабока душа, подготвена за уште толку многу љубов за давање. Веруваме дека наскоро ќе биде згрижена.

espreso.mk