More

    Муцунски на средба со конгресменот Паскрел, фокус на продлабочување на соработката меѓу САД и Македонија и директорот на ИРИ за Европа, Мекарти, за продолжување на соработката со Институтот

    Во текот на вчерашниот ден, а во рамките на посетата на Вашингтон, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски оствари две одвоени работни средби, на кои тој ги претстави позициите на ВМРО-ДПМНЕ и македонските државни интереси и на кои се разговараше за прашањата поврзани со заедничката безбедност и подобрување на соработката помеѓу двете земји.

    Фокусот на првата средба со членот Конгресот на САД, Бил Паскрел беше ставен на потребата од продлабочување на заемната соработка помеѓу Македонија и САД, со посебен акцент на справувањето со безбедносните предизвици со кои се соочуваат нашите земји.

    На втората средба со Директорот за Европа во Меѓународниот републикански институт Пол Мекарти, Муцунски и Мекарти ја потврдија одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ во делот на сите заеднички активности, програми, проекти и директна поддршка кои тие ги преземаат кај нас. Тие заеднички заклучија дека токму овој вид соработка треба да продолжи и во иднина, во насока на реализација на нови проекти.

    Овие средби се уште една потврда за активното учество на ВМРО-ДПМНЕ во меѓународните односи, проактивната улога во претставувањето и презентирањето на македонските интереси, како и одржувањето на блиски врски со нашите партнери и пријатели во САД и низ целиот свет.

    извор: ВМРО ДПМНЕ

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    18.8 ° C
    18.8 °
    18.8 °
    32 %
    1kmh
    0 %
    Mon
    19 °
    Tue
    16 °
    Wed
    17 °
    Thu
    18 °
    Fri
    20 °
    spot_imgspot_img