More

    Вистиномер: Ѓоковиќ не ја чита книгата на Груевски, фотографијата е фотошоп

    Ѓоковиќ не ја чита книгата на Никола Груевски,  туку станува збор за монтажа и манипулација на оригиналната фотографија објавена на Твитер. На оригиналната фотографија се гледа дека книгата не е авторското дело на Груевски, туку станува збор за сосема друга книга. Од оригиналната фотографијата не може точно да се каже за која книга станува збор, но дефинитивно е јасно дека не е книгата на поранешниот македонски премиер

    Сагата којашто го пратеше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го окупираше медиумскиот простор како и социјалните мрежи од почетокот на годинава, па се до неговото пристигнување односно депортирање во Србија.

    Освен официјалните податоци коишто следуваа со неговиот обид да влезе во Австралија и да игра на „Австралија опен“, на социјалните мрежи се споделуваа и разни шпекулации и дезинформација.

    Па така, последната манипулација поврзана со светскиот тенисер е фотографијата што се појави од него во авион на враќање во Србија.

    Novak Djokovic, знае што е добра книга 😊

    П.С: Nikola Gruevski, на СДС уште им е ноќна мора 😁

    На фотографијата, што беше објавена на социјалната мрежа Твитер, се гледа тенисерот како седи во авион, не ја носи маската правилно односно воопшто не ја носи и чита книга. Оваа фотографија беше објавена за да се покаже дека Ѓоковиќ, којшто одбива да се вакцинира, не ги почитува ни мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, односно не носи заштитна маска.

    Но, кај нас на социјалната мрежа Фејсбук оваа фотографија беше објавенa фотошопирана односно изменета. На неа е прикажано дека насловната корица на книгата што ја чита Ѓоковиќ е на книгата „Искуство за иднина“ чиј автор е поранешниот премиер, а сега бегалец од правдата во Унгарија, Никола Груевски. Книгата, всушност, е неговиот докторски труд на тема: „Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

    Ова не е точно. Ѓоковиќ не ја чита книгата на Никола Груевски туку станува збор за монтажа и манипулација на оригиналната фотографија. На оригиналната фотографија којашто беше објавена на Твитер се гледа дека книгата не е авторското дело на Груевски туку станува збор за сосема друга книга. Од оригиналната фотографијата не може точно да се каже за која книга станува збор, но дефинитивно е јасно дека не е книгата на поранешниот македонски премиер.

    Ова е јасна намерна манипулација искористена во политички цели бидејќи во објавата се спомнуваат и политички партии. Но, иако фотографијата е лажна односно изманипулирана таа, сепак доби големо внимание на Фејсбук и ја виделе и споделиле голем број на луѓе мислејќи дека е вистинска.

    извор: Вистиномер

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    13.8 ° C
    13.8 °
    13.8 °
    58 %
    1kmh
    0 %
    Mon
    14 °
    Tue
    16 °
    Wed
    17 °
    Thu
    18 °
    Fri
    20 °
    spot_imgspot_img