Радев денеска го распушти бугарскиот Парламент, избори на 2 април

0
188

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска потпиша указ за распуштање на парламентот и одредување на 2 април како датум за предвремени избори, петти во земјата во две години, откако неубедливите избори во октомври не донесоа влада. Радев, исто така, повторно го назначи Галаб Донев за привремен премиер во преодниот период. Составот на преодната влада остана речиси непроменет, со исклучок на министерот за култура во заминување Велислав Минеков, кој е сменет со диригентот Најден Тодоров.

Радев веќе најави дека ќе бидат потребни предвремени избори, откако Бугарската Социјалистичка партија (БСП) на 24 јануари соопшти дека не успеала да формира влада и му го вратила неисполнетиот мандат на претседателот.

фото: Архива