More

    Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

    Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и посебниот секретар на Грција за територијална соработка и структурни фондови на ЕУ, Георгиос Зервос, денеска во Солун ја отворија новата ИПА 3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, во вредност од 33 милиони евра.

    На првиот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет за спроведување на новата Програмата меѓу двете земји, беше изразено задоволство од резултатите остварени во вториот програмски период, во кој што се финансирани 62 проекти, со очекување искористеноста на средствата од Европската Унија да продолжи да се зголемува.

    Оваа програма е многу значајна за Северна Македонија и за Министерството за локална самоуправа затоа што општините, но и институциите и граѓанските организации можат директно да аплицираат за средства од ИПА инструментот на ЕУ и да обезбедат финансирање на важни проекти во општините. Министерството ќе продолжи да работи на зајакнување на своите и на капацитетите на општините за целосна апсорпција на расположливите средства од ЕУ, рече министерот Пенов.

    Министерот за локална самоуправа истакна дека соработката меѓу двете земји преку ИПА инструментот е важна затоа што во процесот на интегрирање на државата во ЕУ, голем показател за подготвеноста на институциите е и капацитетноста за користење на средствата од ИПА инструментот.

    Министерот Пенов изрази очекување дека врз основа на научените лекции, во третиот програмски период ќе се достигне ниво на целосна апсорбција на средствата и ќе се реализираат проекти кои што ќе ги подобрат условите за живеење на граѓаните во пограничниот регион.

    Во оваа прилика сакам да го поздравам напредокот на работите за изградба на граничниот премин Маркова Нога. Преспа има голема симболика за нашите земји, Северна Македонија и Грција, но овој граничен премин има и голема практична вредност за полесна комуникација на жителите, што ќе придонесе и за развојот на микрорегионот.

    извор: Влада

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    15.8 ° C
    15.8 °
    15.8 °
    51 %
    0.5kmh
    20 %
    Tue
    16 °
    Wed
    16 °
    Thu
    17 °
    Fri
    19 °
    Sat
    21 °
    spot_imgspot_img