Австрија: 70 лица целосно отсечени поради снежните наноси

Обилните врнежи од снег во Австрија отсекоа 70 луѓе од надворешниот свет и предизвикаа сообраќаен хаос, пренесува Анадолу.

„Поради тензичната ситуација со лавини во австриската покраина Штаерска, синоќа мораше да бидат затворени неколку патишта“, јави дневниот весник „Кронен цајтунг“ (Kronen Zeitung).

Како резултат на тоа, голем број возила останале заглавени на коловозот поради снегот. Создадена е колона на возила долга 10 километри.

Според јавувањата, за 24 часа паднале 80 сантиметри снег, а се случиле и неколку помали лавини.

Во регионот Вајлдалпен, 70 лица се отсечени од надворешниот свет. Во регионот Афлензертал, градоначалниците повикаа децата денеска да не одат на училиште.

Делумно, патиштата мора да бидат затворени и во селата поради опасност од лавини. Во покраината Корушка камион се излизгал и се превртел поради замрзнатиот коловоз, како резултат на што истекле стотици литри дизел.

Во Тирол е прогласено највисоко ниво на предупредување.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.