По 300 евра парична казна, протерување од Македонија и три години забрана за влез во државата добија тројцата бугарски државјани што денеска беа упасени на граничниот премин Деве Баир затоа што се обидоа да предизвикаат инцидент со македонската полиција така што ги навредуваа и насилно се однесуваа кон нив додека чекаа да влезат во земјата, објави slobodenpecat.mk.
Тројцата уапсени Бугари се гонети за сторен прекршок, нарушување на јавен ред и мир.
Бугарските државјани, 35-годишниот Г.З., 50-годишниот А.Х., и 54-годишниот Р.Х (54), како што соопшти МВР, биле приведени околу 12:45 часот откако се однесувале дрско и недолично и прво вербално, со најпогрдни зборови, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства.
извор: slobodenpecat.mk.