(ФОТО) Првите фотографии од разурнатиот турски град, спасувањето на затрупаните продолжува

0
154

Стотици луѓе загинаа, а илјадници се повредени, а се стравува дека бројот на жртвите е илјадници по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција рано утринава и беше почувствуван низ поголем дел од земјата и неколку земји во регионот, вклучително и соседните Сирија, каде има и жртви. Земјотресот ги фати луѓето на спиење.

 

Според USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 4:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри.

 

Телевизиските снимки покажаа шокирани луѓе во пижами како стојат во снегот додека спасувачите копаат низ урнатините од куќите.

index.hr