(ВИДЕО) Очајни луѓе се соблекуваат голи во банки бидејќи не можат да повлечат пари во Нигерија

0
214

Очајните Нигеријци се соблекуваат до гола кожа во знак протест бидејќи на тамошните банки им снемуваат пари откако владата започнала да ги менува банкнотите со високи апоени.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како гол клиент барал да ја затвори својата сметка – наводно проценета на 520.000 наири – откако вработените одбиле да му дадат повеќе од 20.000 на шалтер.

Друг човек се качил на шалтер сервисот и се соблекол откако работниците очигледно одбиле да му го дадат бараниот износ.

Некои банки биле принудени да затворат и да ги заклучат своите врати откако лутите клиенти се тепале внатре. Други дури и поставиле шатори за да ги заштитат од сонцето клиентите кои бараат пари додека чекаат во долги редови.
Хаосот доаѓа додека Нигерија се бори со голем недостиг на пари и гориво само три недели пред претседателските избори. Кандидатите си ја префрлаат вината за проблемите, а владејачката партија тврди дека нејзините непријатели ја предизвикале кризата за да ги поткопаат нејзините шанси за победа.

Централната банка на Нигерија минатиот октомври објавила дека ќе ги повлече банкнотите од 200, 500 и 1.000 наири од оптек. Владата планирала да ги замени банкнотите со нов дизајн за кој тврдела дека ќе биде побезбеден, меѓутоа, замените не биле достапни веднаш.

Граѓаните сега не се во можност да подигнат пари од своите сметки, што им го отежнува учеството во економијата која се потпира на кеш.

Јафет Џошуа Бабатунде, кој е клиент на една банка во Икоија, изјавил дека неговата плата е депонирана пред повеќе од една недела, но дека сè уште не може да пристапи до средствата.

„Лут сум. Тоа се мои пари кои дојдов да ги земам. Не барам заем“, рекол Бабатунде за „Financial Times“.

Друг клиент тврдел дека ја посетува банката пет дена по ред, но дека сè уште не можел да добие пари. Чувар на банка во Икоија исто така открил дека му било наредено да ја заклучи банката и да ги остави клиентите надвор откако избиле тепачки.

 

tocka.mk