Ердоган: Бројот на загинати во земјотресот порасна на 912

0
332

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени што ја погоди јужна Туркије порасна на 912, додека 5.385 лица се повредени, јавува Анадолу.

„Најголемата катастрофа што ја имаме доживеано во последните 100 години, по земјотресот во Ерзинџан во 1939 година“, истакна Ердоган.

Тој рече дека Туркије презеде брза акција и ги мобилизира единиците за спасување во погодените јужни области.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.