Познатиот пејач Марк Ентони и неговата новопечена сопруга Надја Фереира споделија радосни вести – парот го очекува првото заедничко дете, додека за Марк тоа ќе биде седмо по ред.
Славниот 54-годишен музичар и младата манекенка (23) ја објавија веста на Инстаграм, и тоа на Денот на вљубените со фотографија на која се гледа како ја држи раката на трудничкиот стомак на Надја.
View this post on Instagram
„Најдобар подарок за Денот на вљубените. Боже, ти благодарам за овој голем благослов во нашите животи“, напишала убавата бринета покрај фотографијата.
Веста за бременоста пристигна само 2 недели откако парот се венчаше на раскошна церемонија во Мајами. Тие не открија во кој месец од бременоста е Надја ниту кога очекуваат бебето да дојде на овој свет.
За потсетување, Ентони веќе има 6 деца. Со поранешната девојка Деби Росадо ја има 29-годишната ќерка Аријана Муњиз, а со неа го посвои и синот Чејс Муњиз. Во бракот со поранешната прва сопруга Дајанара Торес доби 2 деца – Кристијан и Рајан Муњиз, а со Џенифер Лопез ги доби близнаците Ема и Макс.
karmin.mk