(ВИДЕО) Се урна рудник во Австралија, исчезнати двајца рудари

0
184

Во Австралија во тек е потрага по двајца рудари кои изгубиле секаков контакт по уривањето на рудникот во Квинсленд. Рударите возеле 125 метри длабоко во рудникот на реката Дугалд во близина на Клонкури во средата кога се случил падот. Паднале 25 метри. Со нив во моментот на несреќата имало уште едно лице кое успеало да побегне и да ги алармира властите.

Спасувачите го лоцирале нивното возило со помош на дрон, но не ги забележале исчезнатите рудари. Биле направени обиди да се контактираат преку радио, но безуспешно. Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за Дилан Ленгриџ и Тревор Дејвис. Сите операции во рудникот за цинк во моментов се суспендирани, пишува Би-Би-Си.

Спасувачите работеа цела ноќ користејќи тешка опрема за да стигнат до возилото, изјави Тим Акројд, генерален директор на ММГ, компанијата сопственик на рудникот. „Очекуваме овој процес да потрае некое време. Нашите мисли се со семејствата на нашите исчезнати колеги“, рече Акројд.

slobodenpecat.mk