ВМРО ДПМНЕ: Владата наместо да слави за одлуката во Стразбур, треба да се загрижи, суштината и правдата ќе излезат на виделина, судот само констатира дека апликациите се преуранети

0
200

Европскиот суд за човекови права донесе одлука во која вели дека поднесените апликации од апликантите се преуранети и не навлегува во суштината на апликациите. Во одлуката се вели дека не се исцрпени сите правни механизми во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Владата наместо да слави за дефокус треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина. Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на евро обврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед.

извор: ВМРО ДПМНЕ