Маж и жена живееле со години во хотел со пет ѕвезди бесплатно, никој не дознал за нив

ПАР во Германија со години живеел со своето куче во хотелот со пет ѕвезди Nassauischer Hof во Визбаден без да плати ноќевање.

 

Според SWR, трошоците за сместување изнесуваат вкупно 140.000 евра. 60-годишниот маж ги платил првите сметки од околу 5.600 евра, по што наводно ги оставил отворени другите сметки.

Според приказната на еден од вработените во хотелот, човекот исто така тврдел дека има рак и се лекувал во Визбаден и постојано се жалел на услугите и персоналот на хотелот. Наводно, во неговата соба имало бубашваби, оревите мувлосале, а сопругата пронашла црв во салатата.

 

Брачната двојка била исфрлена од хотелот дури откако се сменила управата, која го забележала пропустот, а мажот бил обвинет за измама и мора да одговара пред окружниот суд во Визбаден.

 

index.hr