Порно страната „Јупорн“ и понуди работа на војвотката од Сасекс, Мегал Маркл (38). Тие и понудиле позиција директорка на „посебни иницијативи“ , односно нејзина работа би била да ги надгледува нивните активности.
Понудата доаѓа бидејќи од страната сакале да и помогнат на Меган во одлуката да започне свој нов живот надвор од кралското семејство.
Шефовите на порно сајтот, тврдат дека поранешната актерка би била одлична режисерка и со сигурност би пронаоѓала креативни решенија и покрај сите застарени политики и начини на размислувања.
-Се докажавте како личност која нуди креативни решенија и интересни начини за светот да стане подобро место. Поради тоа совршена сте за оваа позиција. „Мегзит“ ги подели мислењата во светот, едни го осудуваат кралскиот пар, а други го обвинуваат расизмот на британските медиуми за заминувањето на поранешната актерка од земјата. Знаеме дека ќе ви бидат понудени заслужени и интересни можности , но би сакале да ви понудиме интересна позиција на директор, вели шефот на Јупорн.
Тие не кажуваат колкава би била годишната плата на Меган, ниту колку часа ќе треба да работи, но секако го очекуваат нејзиниот одговор.
reporter.mk